За сите љубители на пиво: Неколку мисли од познати обожаватели на пивото

Повеќето од луѓето обожаваат да се напијат некоја чашка пиво со ручек или додека седат со пријатели, особено за време на летниот период кога е многу жешко. Имајќи предвид дека наскоро започнува Светското првенство во фудбал, тоа значи дека следниот период пивото ќе биде омилен пијалок на многу луѓе додека ги гледаат натпреварите.

Денес издвојуваме неколку интересни мисли за пивото од познати обожаватели на пивото!

„Зошто треба да ми биде грижа како лета времето? Денес пијам пиво!“ – Едгар Алан По

„Зарем пивото не е светиот пијалок на искреноста? Напивка која го разбива сето лицемерие и претстави на добрите манири? Пијалок кој не прави ништо лошо, туку ги поттикнува своите љубители потполно невино да мократ и да потполно искрено да се дебелеат.“ – Милан Кундера

„Пиво, најдобриот проклет пијалок на светот.“ – Џек Николсон

„Пивото е интелигентен пијалок. Штета што толку многу идиоти го пијат.“ – Реј Бредбери

„Човек кој лаже за пивото создава непријатели.“ – Стивен Кинг

„Кригла добро пиво е јадење за еден крал.“ – Вилијам Шекспир

„Без двоумење, најголемиот историски изум на човештвото е пивото. О, сигурен сум и дека велосипедот е добар изум, но велосипедот ни наполу добро не оди со пица како што оди пивото.“ – Дејв Бери

„Пивото му годи на моето грло, ладно и горчливо, три момци и пиво и чудесната слобода на моментот прави да сакам да смејам засекогаш. Затоа и се смејам, а моето руменило остава црвена дамка како крвава полумесечина на врвот од лименката пиво. Изгледам многу здраво, румено и јасно, со добар тен.“– Силвија Плат

„Задржете ги своите книжари, своите репресивни институции, своите лудници... Дајте ми пиво. Мислите дека на луѓето им требаат правила? Не, на нив им е потребно само пиво. На светот не му е потребен морал, само пиво.“ – Хенри Милер