За силната жена која истовремено е и емотивно ранлива...

Што значи да се биде силна жена? Според медиумите има едно 50 различни дефиниции.

Може да биде жена која не дозволува ништо да допре до неа, жена која се искачила на врвот на професионалната хиеархија, жена која буквално руши рекорди во кревање тегови.

Но, што е со силната жена со емотивна сила? Зошто не слушаме за неа толку често?

Е па ние сме тука да ви кажеме дека силната жена со емотивна сила треба да ги добие истите пофалби како и успешната кариеристка или онаа која е физички силна.

Прво, плачењето не е знак на слабост. Тоа е знак за приземност, покажуваш дека си само човек и дека имаш чувства. Ако се трудиш да останеш над чувствата или ги игнорираш, ти си ја игнорираш сопствената човечност и ова на крај ќе ти се врати како бумеранг. Ако чувствуваш мала љубомора, затоа што на некој друг му оди малку подобро од тебе, тоа не значи си несреќна со сопствениот живот. Но, љубомората може да прерасне во злобно чудовиште ако не работиш на тоа.

Не се плаши да се пожалиш кога нешто те мачи. Секогаш имај една личност со која ќе можеш да ги споделиш овие работи. Да, тоа можеби се мали работи, но ако не зборуваш за нив со време, може да прераснат во нешто големо и грдо.

Радувај се на своите успеси, дури и да се мали чекори. За што и да се работи, имаш право да се гордееш со својот труд. Биди благодарна. Заблагодари им се на оние кои ти помогнале.

Дозволи си да ги почувствуваш сите чувства. Во ред е понекогаш да бидеш емотивно ранлива, тоа само ја зголемува твојата емотивна сила.