За што вреди да се бориш?

Еднаш имав можност да зборувам со една многу успешна жена и ја замолив со мене да сподели дел од нејзината тајна за успех. 

Таа се насмевна и ми кажа:

„Јас почнав да успевам кога почнав да ги оставам малите битки за малечките луѓе. 

Престанав да се борам со оние кои ме озборуваа.

Престанав да се борам со далечни роднини.

Престанав да се борам за внимание.

Престанав да се борам да ги исполнам туѓите очекувања.

Престанав да се борам со глупави луѓе за моите права. 

Ги оставив тие борби за оние кои немаат за што да се борат во животот. 

И почнав да се борам за:

Мојата визија
Моите соништа
Моите идеи и
Мојата судбина. 

Денот кога престанав да водам мали битки е денот кога почнав да успевам.“

Некои борби едноставно не вредат, не вредат да го трошиш твоето време на нив. 

Мудро избирај за што ќе се бориш во животот.