За што најмногу ќе се каеме по 10 години?

Каење. Краток збор со огромна тежина. Постојано зборуваме како треба да го живееме животот, а постојано зборуваме како се каеме што сме направиле или не сме направиле нешто.

Сакаме да живееме во моментот, а сепак оставаме се за некои подобри времиња.

Како да живееме без каења? Со тоа што ќе се замислиме себеси за 10 години и ќе погледнеме назад во ретроспектива.

За што најмногу ќе се каеме по 10 години?

1. Тоа што сме носеле маска за да ги импресионираме другите.

Ако постојано носите маска пред светот, еден ден ќе останете празни под маската. Затоа што кога поминувате премногу време обидувајќи се да ги импресионирате другите, едноставно заборавате кои сте вие навистина. Затоа не се плашете од туѓиот суд. Вие знаете што има во вашето срце и што е добро за вас. Не треба да бидете совршени за да ги импресионирате и инспирирате луѓето. Дозволете да бидат импресионирани и инспирирани од вашите несовршености.

2. Тоа што сме дозволиле други да ни ги создаваат соништата

Најголемиот предизвик во животот е да откриеме кои сме, а вториот најголем предизвик е да научиме да бидеме среќни со тоа што ќе го откриеме. За ова најважна е вашата одлука е да останете доследни на вашите цели и соништа. Дали  има луѓе кои не се согласуваат со вас? Супер. Тоа значи дека стоите на на своја територија и одите по свој пат.

3. Тоа што сме дозволиле да бидеме во негативно друштво

Не дозволувајте некој кој има лошо однесување и енергија да ја пренесе на вас. Не им дозволувајте да допрат до вас. Кога ќе сфатите дека чувањето на негативни луѓе е избор, а не обврска, тогаш се ослободувате себеси и почнувате да се опколувате со сочувство наместо гнев, дарежливост наместо алчност и трпение наместо анксиозност.

4. Тоа што сме биле себични

Животот полн со добри дела направени од љубов е најубав живот. Луѓето кои сте ги инспирирале и со кои сте споделувалее љубов ќе ве паметат долго откако нема да бидете на овој свет. Затоа пишувајте го вашето име во срцата на луѓето, а не на камења. Тоа што го правите за себеси умира со вас, тоа што сте го направиле за другите останува засекогаш.

5. Тоа што сме избегнувале промени и развој

Ако сакате да го знаете вашето минато, погледнете во вашата сегашност. Ако сакате да ја знаете вашата иднина гледајте во вашата сегашност. Мора да се ослободите од старото и да направите место за новото.  Старите начини се заминати и нема да се вратат. Ако го прифатите ова сега и преземете чекори за да направит нешто во врска со тоа, ќе се позиционирате себеси за долготраен успех.

6. Тоа што сме се откажале кога работите згуснале

Не постојат неуспеси, само резултати. Дури и ако работите не излегле како што сте очекувале, не се обесхрабрувајте и не се откажувајте. Научете што можете и продолжете понатаму. Оние кои напредуваат чекор по чекор ќе победат на крај. Затоа што битката се добива многу пред конечната победа. Тоа е процес кој се одвива преку мали чекори, одлуки и дејства кои полека се градат и евентуално водат кон тој величествен момент на триумф.

7. Тоа што сме се обидувале да контролираме се

Животот треба да биде допрен, не задавен. Понекогаш мора да се опуштите и да дозволите животот да ви се случи без постојано да се грижите и да се трудите да контролирате се. Научете да се опуштите малку пред да се стегнете премногу. Вдишете длабоко. Не мора постојано да знаете каде се движите. Се во животот е во совршен ред иако можеби се уште не го гледате тоа. Понекогаш е потребно време за да се поврзат сите точки.

8. Тоа што сме се задоволувале со помалку од тоа што сме го заслужиле

Бидете доволно силни за да се ослободите од товарот и доволно мудри за да го чекате тоа што го заслужувате. Понекогаш морате да бидете удрени и да паднете пониско од кога било за да може да застанете и да се искачите уште повисоко. Понекогаш очите треба да ви бидат измиени со солзи за да можете јасно да ги видите можностите пред вас.

9. Тоа што постојано сме чекале да дојде утре

Проблемот е што секогаш мислиме дека имаме повеќе време. Но, еден ден, ќе се разбудите и нема да имате време да ги направите работите што секогаш сте сакале да ги направите. А во тој момент или веќе ќе ги имате постигнато целите што сте ги сакале или ќе ги имате листа со изговори зошто не сте ги направиле.

10. Тоа што сме биле мрзливи

Светот не ви должи ништо, вие му должите на светот нешто. Престанете да си мечтаете и почнете да правите нешто. Развијте ‘рбет. Преземете одговорност за вашиот живот, преземете контрола. Вие сте важни и вие сте потребни.