
Во понеделникот, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спровел зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои вршат непрописно престигнување, информираа од МВР.
При контролата, констатирани биле вкупно 194 прекршоци за непрописно престигнување, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.
Оттаму наведуваат дека во текот на контролата констатирани биле и 367 прекршоци од друг вид.
„Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не преземаат ризични маневри и да престигнуваат само кога тоа е дозволено и безбедно, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот“, порачаа од МВР.