За само неколку часа во Скопје полицијата казни 200 возачи

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 12.10.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 43 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 12/13.10.2019 во времето од 23,00 до 05,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 25 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 33 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 12 прекршочни платни налози.

На 12.10.2019 во времето од 14,00 до 24,00 часот санкционирани се 14 возачи на мотори, а откриени се и 28 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и седум прекршочни платни налози.