За два дена нови 14 случаи на голема кашлица во Скопје. Најголемиот дел од новозаразените се деца на школска возраст. Од почетокот на годината во главниот град регистрирани се 64 лица со пертусис. Повеќето се невакцинирани или некомплетно вакцинирани деца, но бактериската инфекција почна да се шири и кај возрасната популација.
- “Веројатно следниот период ќе има промена во демографската слика и очекуваме да имаме регистрирано со голема кашлчица повеќе повозрасни лица, вели проф. д-р Александар Петличковски“, претседател на Комисијата за заразни болести
Според лекарите за повозрасните не постои голем ризик, бидејќи болеста успешно се третира со антибиотици. После првите случаи со хоспитализирани бебиња, од Детската клиника велат дека немаат нови приеми на деца со голема кашлица.
Епидемијата во Скопје го зголеми интересот за вакцинација со Ди-Те-Пер. Само во февруари прва или ревакцина примиле близу 2000 деца само во главниот град.