За рускиот лек против коронавирус заинтересирани неколку земји

Русија веќе почна да ѝ го испорачува на Белорусија препаратот „Авифавир“ против коронавирус. Сега за купување на лекот се заинтересирани неколку земји од Европа, Латинска Америка и Азија. По тој повод тие држави се обратија до Министерството за индустрија и трговија на РФ.

Ние гледаме сериозен интерес за медицинските препарати кои се направени во Русија. За „Авифавир“ против коронавирус се пријавија земји од Заедницата на независни држави, Латинска Америка, Европа и југоисточна Азија“, ги наведува сајтот стопкоронавирус.рф зборовите на министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров.

Министерот додаде дека висок потенцијал има и препаратот „Левилимаб“. Него лекарите го користат во терапијата кај тешките форми на пневмонија.

Претходно фондот за директни инвестиции (РФПИ) заедно со групата компании „ХимРар“ почна да го извезува „Авифавир“. Лекот го доби Белорусија, како и 35 руски региони. Во Русија лекот против коронавирус беше регистриран на 29 мај. Стручњаците очекуваат дека во Руската Федерација месечно ќе се произведуваат 300000 пакувања од овој лек.

Руските лекари потврдија дека во земјата се регистрирани 700792 случаи на зараза со коронавирусот. Веќе се излекувани 472511 пациент. Починаа 10677 инфицирани.

Извор - mk.rbth.com