За работа на празник ви следува празнична дневница

Согласно Законот за празници утре , е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија 

Сепак, голем дел од вработените во приватниот сектор, а пред се во маркетите  и денес се на своите работни места како и вообичаено.

Впрочем, истото се случува и за време на останатите државните празници кои се прогласени за неработни денови со закон.

Во случај работодавачот да наложи денес да бидете на работа или за време на друг државен празник, должен е тоа да го пријави во Државен инспекторат за труд и да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.