За првите шест месеци од 2019 година рекордни 400 доктори заминале од Македонија

Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство Арбен Таравари, објаснувајќи ја бесперспективноста на граѓаните посочи фрапантни бројки за иселувањето, посочувајќи колку лекари ја имаат напуштено Македонија.

Според Таравари најдобар индикатор за отселувањето е бројот на лекари кои што бегаат.

Во 2016 заминале 180 лекари од Македонија, а во 2017 бројката изнесува 110 лекари, додека пак во 2018 година отишле 240 лекари.

-Знаете ли како е во 2019 година? Само за првите шест месеци 400 доктори се отидени од Македонија! Ова ви е индикатор како е. Сепак докторите се една фела која што е добро позиционирана во општеството. Кога тие масовно бегаат, значи тука нешто не е во ред, рече Таравари, вчера во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.