За прв пат Гази Баба додели по 3000 денари за секој ученик на генерација

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со учениците од општинските основни училишта кои по претходна постапка беа избрани за ученици на генерација.

На сите избрани ученици на генерација, градоначалникот Стефковски им додели ваучери од 3000 денари.

Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба, велат надлежните. 

- Денес имав средба со учениците на генерација од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба. За прв пат во општина Гази Баба се доделуваат 3000 денари за ученик на генерација. Воведувањето на оваа мерка е мотивација, но и признание за посветеноста на учениците за време на образовниот процес во основното образование, напиша Стефковски.

Секое основно училиште спроведе постапка согласно утврден правилник и избра првенец на генерација кој оваа година го завршува основното образование.

-Како градоначалник оддавам признание и им честитам на учениците на генерација:

1. Марија Трајковска од ООУ Наум Охридски

2. Лука Трајковски од ООУ Кирил и Методиј

3. Оле Мишевска од ООУ Крсте Мисирков

4. Алексеј Стојановиќ од ООУ Дане Крапчев

5. Мерве Салихи од ООУ 25 Мај

6. Мила Тодевска од ООУ Његош

7. Павел Петровиќ од ООУ Крум Тошев

8. Давид Китановски од ООУ Вера Јоциќ

9. Матеја Тунева од ООУ Наум Наумовски Борче

10. Методија Златановски од ООУ Стив Наумов

11. Марија Недановска од ООУ Григор Прличев - порача градоначалникот Стефковски.