За продолжениот викенд, во Скопје работат само дежурни служби со лекари од Брза Помош!

Продолжен викенд од четири дена има и за специјалистите од скопските поликлиники. Одмараат од четврток до понеделник, кога повторно ќе ги отворат ординациите за пациентите.

За висока температура, болка во уво или варирање на крвниот притисок, скопјани во овие денови лекарска помош можат да побараат во  осумте дежурни пунктови кои се сместени во скопските поликлиники. За викенд или празник во овие установи  интернисти, офталмолози и невролози не работат, пишува порталот ЗаЗдравство.

Колку овие осум пункта се доволни за голем град, лекарите не сакаат да коментираат. Но работа имаат и кога е празничен период.