За пријателите со кои ќе остарам: Благодарам што бевте тука со мене за се

Ова  е за пријателите со кои ќе остарам. За луѓето кои беа со мене од самиот почеток и оние кои покажаа дека ќе бидат таму до крајот.

Благодарам што секогаш бевте тука за мене. Ви благодарам што не бевте себични кога ми требавте. Ви благодарам што секогаш го слушавте тоа што имав да ви го кажам, што ме кревавте кога не можев да станам.

Ви  благодарам и за тоа што ми бевте верни, што бевте личности кои ми помагаа да го видам погрешното, кои ме почитуваа доволно за да ми помогнат да избегам од неволјите и да размислувам подобро и да правам подобро. Ви благодарам што ме сакавте и тогаш кога претерував.

Ви благодарам што ме туркавте надвор од мојата комфорна зона и што ми помагавте да се развивам. Вие сте причина зошто го доживеав тоа што го доживеав – сите настани каде се срамев да одам, забавите кои ги мразев. Нештата веќе не беа толку страшни кога бевте на моја страна.

Имам среќа што имам такви пријатели. Оние кои носат радост во мојот живот, што ме тераат да се смеам силно и да погледнам назад на сите мои грешки и да прснам од смеа. Вие сте луѓето кои ми покажаа дека е можно да се биде сакан. Ви благодарам за тоа.  Ме инспириравте да бидам подобра личност, да правам повеќе и да чувствувам повеќе. Ме охрабрувавте да се обидувам секој ден. Ми покажавте каде лежи мојот потенцијал и ми дозволивте да го видам и да го искористам.

Највеќе ви благодарам поради тоа што ми дозволивте да бидам личноста која сум и да не се чувствувам осамено во овој чуден свет. Ме избравте и вие сте мои сродни души во овој свет.