За пријателите кои се секогаш тука за нас

Тоа се оние пријатели кои секогаш беа тука за нас, кои продолжуваат да ни покажуваат дека секогаш ќе бидат тука.

Ќе нѐ сакаат без оглед на тоа дали сме богати или сиромашни, без оглед на тоа дали ќе успеваме или победуваме и без оглед на тоа дали сме изгубени или сме на вистинскиот пат. Тие секогаш ќе бидат тука.  Ќе ни помогнат да се чувствуваме сакано, ќе ни помогнат да имаме чувство дека некаде припаѓаме и дека сме дел од нешто волшебно. Ќе ни покажат дека сме сакани и ценети.

Тие се оние кои би можеле да си отидат со првите кавги, но останале тука до нас. Одлучиле дека пријателството е поважно, дека ние сме им поважни од малите кавги и препреки. Тие одлучија дека пријателството е моќно и вистинско и дека ќе останат до нас.

Тие се оние луѓе кои го прават нашиот свет поубав и секој ден повеќе значаен. Со нив ги создаваме нашите приказни, спомени. Со нив споделуваме сѐ од нашиот живот. Тие се оние кои не ни судат за ништо и напротив, кои ни помагаат да ја согледаме реалната слика, да не очајуваме, да бидеме среќни. Тие нѐ враќаат во реалноста и ни помагаат да останеме во неа кога некој ќе нѐ повреди. Нѐ потсетуваат колку вредиме, а за нив вредиме најмногу.

Тие секогаш ќе бидат во нашиот свет. Благодарни сме им за тоа. Нивното пријателство е голема чест, големо богатство.