За пријателите кои останаа во нашиот живот

Пријателите доаѓаат и си одат, но само вистинските остануваат во нашиот живот.

Во животот стануваме пријатели со голем број луѓе, но голем дел од нив си заминуваат по некое време. Стануваме позафатени, се разидуваме со ставовите, си грешиме едни на други.

Пријателите кои се дел од нашите животи, кои остануваат и покрај се, се оние кои ја знаат нашата борба и болка, но и нашите најубави моменти. Тие се грижат како се чувствуваме, тие се нашето рамо за плачење и луѓето кои аплаудираат кога победуваме. Со нив учиме да се носиме со лошите денови и искуства и да знаеме дека секогаш имаме некој покрај нас, кој секогаш ќе биде тука.

Тие се оние кои пријатели кои ги паметат нашите родендени и без Фејсбук, кои знаат какво кафе сакаме, дека не јадеме кечап и дека мразиме лето. Тие се оние кои се тука за нас, кои слушаат вистински и кои ги паметат нашите зборови, се што ќе кажеме.  Тие ги толерираат нашите лоши денови, но со брутална искреност ќе ни кажат кога ќе претераме во нешто. Не би биле тоа што сме без нив.

За пријателите кои ги изгубивме -  благодариме за сите лекции. Благодарени на вас, станавме силни личности кои знаат да ги ценат вистинските пријателства.

За пријателите кои останаа -  вие сте вистинско богатство кое не смееме да си дозволиме да го изгубиме. Секогаш ќе ве чуваме до себе блиску, најблиску.