За повеќето скопјани е непозната: Оваа населба се наоѓа во крајниот западен дел на градот

На повеќето скопјани кога ќе им ја спомнеш населбата Дексион не знаат во кој дел од градот се наоѓа.Пред некое време твитерџиите предложија иницијатива за формирање политичка партија чија кампања ќе стартува токму од оваа населба.

Дексион или Ѓорче Петров II ,се наоѓа во крајниот западен дел на градот од Општина Ѓорче Петров. Како населено место Дексион датира од 1963 година.

Веднаш по скопскиот земјотрес, во атарот на тогашните овоштарници биле изградени германски и англиски бараки, за сместување на луѓето кои останале без дом.

Оваа населба денес ги исполнува сите услови за функционирање на една населба: основно училиште, градинка, библиотека, игралиште за мал фудбал, амбуланта, геронтолошка болница, домот за палијативна нега "Сју Рајдер", пазар, и сл.

Тука се наоѓа и почетната станица на автобусот број 5, а низ населбата минуваат автобусите 2, 5, 12, 32, 56, 60 и 11. Населбата е мултиетничка и е една од малкуте скопски населби во кои има турско маало.

Легендите за настанокот на скопските населби:

Бардовци

Тафталиџе

Ѓорче Петров

Буњаковец 

Радишани

Капиштец 

Водно

Крњево

Дебар Маало

Даме Груев