За посреќен живот, престанете да ги правите овие работи...

Луѓе ко луѓе, постојано се трудиме да пронајдеме среќа, но некако таа целовреме е надвор од нашиот дофат. Но, што ако ви кажеме дека можете да имате посреќен живот? Да, лесно е да бидете среќни, но само ако вложите труд во тоа и се ослободите од некои непотребни навики!

За посреќен живот, треба да престанете...

Да го трпите тоа што не ви се допаѓа.
Да комуницирате со луѓе кои ви ја убиваат самодовербата.
Да се замарате за тоа што зборат другите.
Да се обидувате да држите се под контрола.
Да го одите по патот на помал отпор.
Да ги држите мислите и чувствата за себе.
Да се плашите да ризикувате.
Да мислите само на другите, а не и на себе.
Да се обидувате да ги задоволите сите.
Да заборавите на блиските луѓе и родителите.
Да го поминувате целото слободно време затворени помеѓу 4 ѕида.
Постојано да брзате некаде.
Да се осудувате себеси.
Да се плашите од грешки.
Да велите „јас не можам“ и да се насочувате себеси кон неуспех.
Да се споредувате со другите.
Да живеете во минатото.
Да мислите само на иднината.
Да се жалите на животот.
Да криете дека сте навредени.
Да купувате и складирате непотребни работи.
Сѐ да правите сами.
Да се обидувате да бидете совршени.
Да ветувате работи кои не можете да ги исполните.
Да мислите на лошите работи.
Да бидете срамежливи.
Да ги повторувате вашите грешки.
Да завидувате.
Да имате мрачен поглед кон животот и светот.