За полното име на МАНУ ќе одлучуваат академиците

Одговарајќи на новинарски прашања денеска Миле Бошњаковски, владиниот портпарол, во врска со промената на имињата на институциите, потенцира дека кратенката на МАНУ и натаму останува, а за нејзиното целосно име ќе треба да се произнесат академиците. За АРМ, пак, ќе се следат духот и принципите на Преспанскиот договор.

-Најверојатно во наредниот период ќе биде прецизно кажано. Во моментов јас немам информации, рече портпаролот.