За појадок, ручек или вечера: Запечени палачинки со пица фил

Направете вкусни солени палачинки.

Состојки:

6 палачинки

200 гр. кајмак

100 гр. кечап

250 гр. шунка

150 гр. кашкавал

10 маслинки

1 лажиче оригано

1 јајце

200 мл. јогурт

малку сол

Подготовка:

Се прават палачинки на вообичаен начин, а може да користите и купечки.

Се премачкуваат со кајмак и кечап, па се редат кругови шунка и рендан кашкавал, оригано и сецкани маслинки.

Се завиткуваат палачинките,, па се ставаат во подмачкан плех.

Се мати јајце со јогурт и сол и се става врз палачинките.

Се печат на 220 степени околу половина час.