За појадок или вечера: Брзи, лесни и вкусни - солени обланди (фото)

Потребни состојки:

1 пакување обланди

700g кисела павлака

200g сирење

3 сварени јајца

150g кисели краставички

50g печен сусам

200g шунка

180g кисела павлака

Подготовка:

Измешајте ги павлаката и сирењето. Сварените јајца изрендајте ги. Краставичките исечкајте ги на долги тенки линии.

Првиот лист обланда премачкајте го со филот од павлака и сирење, ставете мал слој сусам.

Вториот лист премачкајте го со филот од двете страни. Ставете го над првиот лист и на него наредете слој шунка.

Третиот слој обланди исто така, премачкајте го од двете страни и над него наредете ги киселите краставички.

Ставете го и четвртиот лист обланда и на горниот слој нанесете ги ренданите јајца и нанесете уште еден слој обланда.

Премачкајте ја со павлака и на неа нанесете го преостанатиот сусам.

Солените обланди оставете ги неколку часа да стојат, а потоа можете да ги сервирате.