За поголеми приходи во општините: Зголемување на данокот на имот

Законот за данок на имот има бројни аномалии, велат даночниците.Доколку тој се подобри по примерот на земји кои со него добро ги полнат локалните буџети ќе се подобри финансиската слика на општините низ земјава бидејки нивен главен извор на приходи се токму даноците на имот.

„Ако дадеме шанса овој даночен систем да се подобри, локалната самоуправа ќе успее во многу поголем процент да се самофинансира, да не чекаат од централниот буџет дотации и да си ја пропуштаат шансата сами да си го наплатаат данокот што им следи, Ако тоа го направи државата, ќе се ослободеи од потребата за блок дотации кон општините што ќе создаде можност на др начин да се подобрува делот кај расходите но и поголема комоција во враќање заеми“, за Телма објаснува Павле Гацов, даночен експерт. 

Данокот на имот е исклучително низок велат даночниците , 0,1 % од пазарната вреност на имотот, стапка која се преполовува доколку се живее на тој имот.Простор за зголемување има но мора да се има предвид и финансиската сила на обврзникот.

„Проблемот кај данокот ан имот е опфатот.Ако имаме 670 000 домаќинства и 900 000 недвижности, ниту една третина од нив не се оданочени. Секој што мисли дека треба да се ослободи од некоја недвижност, тоа треба брзо и лесно да го стори, даночниот товар да му е прифатлив а тој што мисли дека со недвижноста ќе остварува доход, да може побрзо да дојде до тоа“, објаснува Славко Лазовски даночен советник 

Во очекување на јавни дебати и анализи кои ќе покажат дали,каде и од кога во даночниот систем  треба да се прават реформи, од први јануари оваа година  започна новиот начин на администрирање на персоналниот данок на доход.Пресметките се пријавуваат електронски во УЈП со што без дополнителни трошоци парите ќе легнат на денарската трансакциска сметка на физичкото лице во банката а државата ќе го добие персоналниот данок на доход. За првите 4 дена од годинава , УЈП примила 6539 електронски пресметки за приход и данок.За 1436 процесот е целосно завршен и генериран е налог за плаќање а 395 се платени преку банките.936 физички лица најавиле регистрација во системот и се очекува да дојдат по одобрување во УЈП.