За поголема сигурност на децата кои учат во Мирче Ацев, по улицата Борис Сарафов ќе се вози 30 на час

По барање на граѓаните, а со цел да се изнајде решеније за поголема сигурност на децата кои учат во ООУ „ Мирче Ацев" и секојдневно мораат да ја поминуваат улицата, градот Скопје и Општината Ѓорче Петров интервенира во поставување на технички средства за успорување на сообраќајот за поголема сигурност за своите децата.

На улицата „ Борис сарафов" (некогашна 4-ти Јули) изведен е сообраќаен проект со поставување на технички средства за смирување на сообраќајот и поставени се нови сообраќајни знаци за предупредување и известување за сите учесници во сообраќајот дека во близина има училиште. Од градот Скопје и Општината Ѓорче Петров се надеваат дека новопоставените сообраќајни решенија ќе ја подобрат ситуацијата на терен . Сепак, се се сведува на свеста на возачите кои мора со поголемо внимание да го поминуваат тој дел од улицата. Само така нема да се случуваат несакани настани и можни сообраќајни незгоди во кои , пред се , би страдале ученици од „ Мирче Ацев".

Затоа од општината , по кој знае кој пат, апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателни и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци. Со тоа ќе придонесеме за поголема сигурност на учениците но и ќе покажеме дека нивната сигурност е наш заеднички приоритет.