За пет часа санкционирани 115 возачи поради непрописно престигнување

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16:00 до 21:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спровело акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани биле 115 возачи, информираат од МВР.

Од нив, како што посочија, 35 биле на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на територија на СВР Битола. 

За време на контролата санкционирани се и 224 други видови на прекршоци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачаа од МВР.