За пет часа констатирани 70 прекршоци - акциска контрола за непочитување на правилата за првенство на минување

Вчера, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спровел акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои не ги почитуваат правилата за првенство на минување.

Од МВР информираат дека при спроведената контрола, констатирани биле 70 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување.

Дополнително, констатирани биле и 227 прекршоци од друг вид.

Оттаму посочија дека за сите констатирани прекршоци преземени биле соодветни мерки согласно законските прописи.

„Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да бидат внимателни и да ја почитуваат предноста на минување, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, затоа што секој живот е важен“, порачаа од МВР.