За овие струки има најмногу слободни работни места во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2017 година стапката на слободни работни места изнесувала 1,33%, односно имало 6.534 работни места.

Највисока стапка на слободни работни места се забележува во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најниска стапка на слободни работни места се забележува во јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување

По региони, Пелагонискиот има највисока стапка на слободни работни места - 2,35%, а најголем број слободни работни места има групата работници во услужни дејности и продажба - 2.432.

2470 слободни места има во преработувачката индустрија, 1090 во трговија на големо и мало, а 523 во градежништвото. 

Ракувачи и составувачи на машини и постројки - 975, техничари и сродни занимања - 906, елементарни занимања - 745, занимања за неиндустриски начин на работа во производството - 563, службеници - 419 и стручњаци и научници - 403.

Од друга страна најниска стапка на слободни работни места е регистрирана во јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување.