За оние кои заборавиле да се сакаат себеси

Почни да сакаш.
Почни да се сакаш.
Почни да кажуваш: „Те сакам“.
На себе. Кажи му на него. Кажи ѝ на мајка ти. Кажи му на татко ти.

Обиди се да веруваш во себе. Тоа ќе те врати назад кон себе.
Жено, почувствувај копнеж да бидеш жена.
Почни да си даваш себеси право да не сакаш и да не правиш нешто. Не си ја одземај моќта.
Почни да живееш тука и сега. Единствено нешто што постои е силата на овој момент.
Почни да се гледаш кога сосема случајно ќе се погледнеш на стаклените површени од големите излози додека брзаш да стигнеш на време. На работа. Во градинка. За преглед. За сѐ она што си го зацртала за тој ден.

Почни во тој лик кој понекогаш не го препознаваш да го гледаш сѐ она што тоа лице некогаш било.

Сети се на неа. Врати ѝ се. Ти ѝ требаш на неа и таа ти е потребна на тебе. Твојата душа. Твоето детско ЈАС. Тука е, на она исто место каде твојата детска рака секогаш знаела како да ја допре. Таа се обидува да излезе, да расцвета, а ти се плашиш дека нешто не е во ред.

Од страв да не ја пуштиш, сѐ уште не си научила која си.

Можеби тоа е поради потребата да ја контролираш, цврсто да ја прегрнуваш, да не одлета.

Поради таа потреба за контрола, не си научила да препознаваш кои борби се твои, а кои не се. Оние борби во кои не се останува. Оние од кои би требало човек да си замине. Без да се заврти назад.

Еј ти, исправи се, дозволи товарот да падне од твоите уморни рамена. Можеби на тоа место ќе израснат крилја. Твои. Оние крилја за кои ти често сонуваше, додека фантазираше за светот кој не го познаваше, создавајќи го според желбата на твојата душа. Ти му веруваше на светот. Знаеше дека сѐ ќе биде добро, без некој да ти го каже тоа.

Крилја кои секогаш ќе бидат тука, доволно големи да те прегрнат, доволно силни за да те заштитат, доволно големи за повторно да се пронајдеш себеси. По твоја мерка.

Крилја поради кои никогаш нема да бидеш сама. Крилја поради кои ќе исчезне потребата за тоа дека некој мора да верува во тебе, затоа што ти ќе си веруваш себеси.

И затоа пушти ја душата да лета слободно. Нека излезе и нека се прероди. Сѐ она по коешто си копнеела надвор, се наоѓа онаму каде што никогаш не си барала. Внатре. Во себе.

Жено, прво биди своја, а дури потоа биди нечија.