За оние кои се постојано во движење, плаќањето со паметен часовник е достапно и кај нас

Промената на начинот на живеење и забрзаното темпо на живот наметнуваат нови и модерни начини на завршување на секојдневните обврски.  Паметните часовници се направени да го поддржат стилот и да го олеснат секојдневното живеење,  но тие имаат и една нова, поинаква и доста практична намена.  Светската револуција за плаќање со паметен часовник од неодамна е достапна и во нашата земја.  Oваа услуга е креирана за луѓе чие време е важно, брзаат и постојано се во движење.  

Без разлика дали спортувате, го пиете своето кафе, ја купувате својата омилена храна или пак пазарите во некој од маркетите, со Garmin Pay и Халк Банка вашето секојдневно купување ќе биде полесно и поедноставно.  Без паричник, без телефон и без проблеми!

Халкбанк АД Скопје, како лидер во воведувањето нови технологии, креираше производ, Garmin Pay, кој овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник, со што стана и прва банка на пазарот која воведува плаќање со паметен часовник. Сопствениците на Mastercard картички издадени од Халкбанк, преку апликацијата Garmin Connect можат едноставно да ги дигитализираат своите картички и да го активираат Garmin Pay. Со успешно дигитализирање, се овозможува брзо и едноставно плаќање користејќи го единствено вашиот паметен часовник Garmin.

Како функционора плаќањето?

Многу лесно и едноставно. Во часовникот постои виртуелен паричник, за плаќање потребно е да се внесе четирицифрен код кој се внесува при сетирање на паричникот. Само со неколку чекори:  го внесуваш кодот, ја селектираш карактичката, го доближуваш часовникот до ПОС терминалот и трансакцијата е веќе направена.

Што е со безбедноста?

Кога станува збор за плаќањата,  безбедноста секогаш е на прво место, а кога е во прашање Garmin тие користат трансакциски код при секое плаќање за целиот процес да биде безбеден. Три неточни обиди за внесување на кодот на часовник значи и негово заклучување за понатамошни плаќања, а ресетирање на кодот е возможно само доколку го знаете стариот.  Доколку не го паметите кодот, целиот виртуелен паричник се брише од часовникот.

Што велат корисниците?

Спортист или шопинг манијак. Корисниците кои веќе ја користат оваа услуга на Халк Банка задоволно коментираат дека плаќањето е полесно и поедноставно од било кога.  Без разлика дали трчаш на кеј, планинариш на Водно или пак возиш со твојот велосипед, тргнуваш од дома без пари и картички, само со твојот часовник.  Потполно е исто и при секојдневното пазарење, единствено што треба да земеш со себе е желбата за шопинг и твојот паметен часовник.

Ние сме фанови на Garmin Pay на Халк Банка.  Плаќањето со часовникот е пред се многу безбедно и практично, а патоа и исклучително забавно и интересно.