За нив сте отворена книга: Хороскопски знаци со најсилна интуиција

Кога интуицијата нешто ни порачува, тоа го чувствуваме како минливо насетување, мисла која нè прогоува, или превртување во желудникот. 

Имајќи предвид дека таа се јавува нејасно и нередовно, често не знаеме што да правиме со сигналите кои ни ги дава, а често и воопшто не ја препознаваме. Некои хороскопски знаци едноставно природно имаат посилна интуиција од другите и полесно ги читаат сигналите кои таа им ги дава. Еве кои се тие:

РИБИ

Имате ретка способност за читање туѓи чувства и намери. Не само што знаете што мислат другите, туку можете и да ги завршувате нивните реченици. Понекогаш сакате да можете да го игнорирате ова, затоа што често се работи и за неубави информации. Во тие моменти се фрлате на вежбање или некое хоби за да го насочите вниманието на друго место.

РАК

Вие сте Месечево дете, што значи дека интуицијата ви е најактивна додека спиете. Во таа состојба примате многу силни и живи слики кои ги прикажуваат туѓите расположенија, желби и стравови. Интуицијата ви е силна и додека сте будни, но тогаш активно се борите против неа, затоа што ве оптоварува. 

СКОРПИЈА

Вашата интуиција е специјализирана за лоши вести. Мајстор сте за откривање на туѓите зли намери, глупави потези и инциденти. Тешко дека некој манипулатор ќе избега од вашиот радар. Исто така имате талент да ги разоткривате оние на кои им се допаѓате, без оглед на тоа колку се обидуваат да го скријат тоа.

Уште неколку интуитивни хороскопски знаци:

Водолија: Многу почесто повлекува правили потези, за разлика од другите, но не знае дека тоа е поради интуицијата.

Јарец: Претчувствува неволји и катастрофи, но не и добри можности. 

Девица: Чувствителниот желудник прецизно го најавува развојот на случувања, но разумот пречесто се меша и се збунува.