За независната девојка која бега од врските

Се извинувам ако заминам одненадеж. Неуморна сум и го мразам тоа кај себеси, но не можам против себеси.

Ќе ги чувам твоите зборови во посебен дел од моето срце, но не можам да останам засекогаш.  Не можам да бидам тука долго. Не можам да бидам поседувана и не посакувам да бидам. Не се обидувај да ме смениш, додека гледаш како мојот поглед се губи позади твоето рамо.

Имам премногу рани за да пишувам поезија и романи.  Имам премногу мисли за луѓето кои ми недостасуваат. Имам милион планови за местата кои сакам да ги посетам и луѓето со кои сакам да бидам.

Ќе ти кажам милион причини зошто ова нема да успее. А, ти кажи ми само една зошто би требало да успее.

Можеби ќе ме задржиш. Можеби.

cheap nike free run 5.0