Вкупно 93 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во контроли на Министерството за внатрешни работи на територијата на цела држава за санкционирање возила кои непрописно престигнуваат.
Како што соопшти денеска МВР, 26 санкции се изречени на територијата на СВР Охрид, 20 на територија на СВР Тетово... За време на контролата санкционирани се и 138 други видови на прекршоци.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.