За нас овој ден е навистина посебен!

Позади себе ја оставаме, десетта година од работење на Скопје Инфо. Денес, славиме 11 години, градски и скопски портал. Единствен, кој опстојува и функционира повеќе од една деценија.

Денес Скопје Инфо има бројна редакција и најважно од се голема читателска публика. За нас најважна од се е довербата која ја имаме помеѓу публиката. По 11 години работа, Скопје Инфо денес е влијателен, читан, интересен, креативен и забавен градски информатор.

Но, освен публиката за нас се важни и соработниците. Листата на компании кои му веруваат на Скопје Инфо секојдневно се зголемува. Сите успешни фирми во Македонија, денес се дел од Скопје Инфо.

Благодариме на сите кои изминатиот период на свој начин дадоа придонес за Скопје Инфо

Ние, продолжуваме и понатаму секојдневно да чекориме по скопските улици, да ја пишуваме Азбуката на градот и да ја раскажуваме Продолжената градска приказна.