За мојата внука: Што и да се случи, ти за мене секогаш ќе бидеш најголемата љубов на овој свет

Денот кога беше родена, твојата мајка ме замоли да те чувам. Но, и да не го побараше тоа од мене, јас ќе бев тука.

Ти си специјална девојка, а јас сум пресреќна бидејќи те имам во животот. Ти си силна, а толку нежна, толку мила, но и палава. Те сакам најмногу на овој свет. Ќе бидам секогаш тука да те заштитам од овој суров свет. Ќе бидам тука да ти помогнам и да те сакам.

Сакам да пораснеш во силна жена, која не се плаши од другите и од светот и која се бори за тоа што ѝ значи. Сакам да имаш самодоверба и да бидеш сигурна во себе. Да сфатиш дека никој друг нема да верува во тебе, ако самата не веруваш во себеси. Јас секогаш ќе бидам тука да те потсетам на тоа.

Овој свет ќе ти донесе многу љубов,среќа и радост, но и болка и страдање. Мораш да научиш и прифатиш дека таков е животот. Понекогаш лесно ќе ги добиваш работите, но често ќе посакуваш нешто, а нема да можеш да го имаш. Често ќе ги губиш работите и луѓето во една секунда, а некогаш ќе ти требаат  месеци или години за да се отргнеш од нив. Сето тоа е дел од животот и мистериозната е неговата најголема магија. Не е постојано убав и радосен, но е доволно убав за да го сакаш онаков каков што е. Со сите луѓе во него.

Ќе бидам тука за да те заштитам, да ти помогнам. Да гледам како ќе се развиваш и да бидам до тебе кога ќе бидеш повредена од другите. Се надевам дека секогаш ќе имаш сјај во очите и ќе го сакаш светот. Се надевам дека нема да дозволиш неколку лоши личности да те натераат да мислиш дека светот е лошо место за живеење. Се надевам дека ќе бидеш уникатна како снегулка – убава, а различна  од другите.

Сакам да знаеш дека секогаш ќе бидам тука за тебе. Ќе бидам твојот најголем обожавател, твоја поддршка и рамо за плачење. Ќе бидам твојата најдобра пријателка, ќе велам „да“ кога твојата мајка вели “не“ и ќе ти покажам зошто животот вреди да се живее.

Јас и ти сме тим. Ти си мојата најубава принцеза.