За Македонците кои сакаат да одат на море во Албанија, еве како се движат цените

Во последно време често се говори дека Албанија е туристичка дестинација која на оние со плиток џеб добро ќе им дојде како замена за дестинаци од кои се откажуваат поради високите цени.

Саранда е град во истоимената покраина на југот од Албанија, има околу 50 000 жители, излегува на Јонското море и е главно албанско пристаниште.

Таа им е омилена на туристите.

Саранда, која е центар на најјужниот округ на Албанија, е просперитетен регион со различни атракции, рамнини и планини, реките и езерата, цитрус насади, маслинови градини и лозја, пасишта и шуми.

Ако сакате да се сместите во приватно сместување во Саранда, најдобро е да го побарате на лице место, бидејќи приватни апартмани тешко се наоѓаат на интернет. За 20 евра од ноќ може да најдете пристоен и уреден апартман поголем од 60 квадратни метри во кој може удобно да се сместат до шест лица.

Сместување во хотел, е нешто поскапо и цените се движат од 18-20 евра во јуни/септември па до 30 евра од ноќ од лице во време на шпицот во хотел со три ѕвездички на 20 метри од плажа со појадок.

Во просек за седумдневен одмор за две лица, во Саранда потребно е да издвоите околу 350 евра, вклучувајќи го превозот, сместувањето и храната.

Официјална валута е лек (1 евро-139 леки), но во сите продавници, кафичи и ресторани примаат и евра, а може да избирате дали за кусур сакате евра или леки.

Што и да одлучите нема да бидете оштетени, бидејќи граѓаните таму добро баратаат со претворање на валути.

Цените на храна во супермаркети се поволни. Според туристи кои биле таму кока кола во лименка чини 60, флаширана вода од 1,5 литри 50. леб 60, макијато во кафе бар 150 леки.

За еден литар дизел потребно е во просек да издвоите 185 леки (1,33 евра). 

Цените во ресторани исто така се пристојни и во главната туристичка улица/шеталиште на плажа може да добиете вечера за најмногу 10 евра по лице.