За луѓето кои водат тивки битки во себе

Овие зборови се за луѓето кои даваат сѐ од себе за да се опорават од болката за која не им зборуваат ништо на другите луѓе. Тие се за оние кои ги водат своите битки во тишина, без оглед на нивната причина.

За сите оние кои се борат против своите демони, кои седат во тишина обидувајќи се да го победат животот и да се опорават од работите за кои не зборуваат ништо. Тие живеат на страшно место, постојано борејќи се со себе, со условите, со светот, со она што ја предизвикува таквата болка.

Се будат наутро, обидувајќи се да не мислат на тоа, но секој ден борејќи се со истите работи кои ги оставиле истоштени претходниот ден и правејќи го тоа сами, без ничија помош.

Треба да знаете дека не сте сами. Можеби имате пријател, член на семејството, некој кому можете да се обратите и кој можеби не може директно да ви помогне, но може да ја разбере вашата борба и болка и кој ќе ви даде поддршка. Не го правете тоа сами, не се борите самите против светот и против болката која ја имате во себе.

Тоа е најосаменото чувство на светот, но не мора да биде така. Потрудете се да се опоравите и верувајте, ќе успеете во тоа. Но, немојте да мислите дека сте сосема сами на светот.

Овие зборови се за вас.

cheap nike free run 5.0