За луѓето кои се секогаш тука за нас – нашите родители, браќа, сестри и пријатели

Сите имаме барем една личност која секогаш, без оглед на сѐ е тука за нас. Понекогаш се нашите родители, браќа или сестри, нашите пријатели или партнери.

Тие се оние кои секогаш беа тука за нас и кои продолжуваат да ни покажуваат дека секогаш ќе бидат до нас. Ќе нѐ сакаат кога сме сиромашни или богати, кога победуваме и нѐ победуваат, кога сме на вистинскиот пат, но и кога се губиме. Тие секогаш прават да се чувствуваме сакано.

Ни покажуваат каде припаѓаме, ни покажуваат дека сме сакани, почитувани и ценети. Би можеле да си заминат милион пати досега од нашиот живот, но тие решиле да останат. Така, нашата поврзаност е огромна и се поголема, ден по ден. Поради овие луѓе, нашите животи се посреќни и посветли.

Тие ни помагаат да создадеме убави приказни, убави спомени. Нивните дела и зборови ни го разубавуваат денот и на милион мали начини тие ни покажуваат колку им значиме. Тие не ни судат и кога ќе згрешиме, тие нѐ враќаат во реалноста кога ќе се изгубиме, нѐ држат цврсто кога ќе се натажиме. Ни помагаат да веруваме во светот и љубовта, бидејќи нѐ сакаат и прифаќаат онакви какви што сме. Тие не се обидуваат да нѐ менуваат.

Нѐ сакаат  и покрај сите наши маани, лоши избори, луди семејства и чудно минато. Нѐ сакаат со цело свое срце и не ни дозволуваат никогаш да помислиме дека не сме сакани или дека не сме доволно добри.

Тие се нашето засекогаш, во овој свет на кратки пријателства и врски.