За луѓето кои постојано се заљубуваат во мали нешта

Љубов е сè што ни носи топлина и радост. Љубовта е сè она што нè тера да веруваме во животот и да бидеме свои.

Јас мислев дека љубовта постои само меѓу двајца личности, машко и женско, но таа постои во милион форми. Тоа е најнежната карактеристика на една личност и нашето огледало кон убавите нешта во светот.

Се заљубувам во начинот на којшто облаците се движат над мојата глава. Се заљубувам во начинот на кој сонцето ја осветлува улицата каде минувам секојдневно. Се заљубувам во музиката, во една иста песна. Се заљубувам во  тоа како зборовите изгледаат на хартија.

Се заљубувам во луѓе кои нема да ги видам повторно.

Се заљубувам во моменти кои минуваат, во спомени, во места каде нема да се вратам.

Се заљубувам во секој нов ден, бидејќи веќе не познавам граници.

Се заљубувам бидејќи живеам со отворено срце.