За луѓето кои плачат додека гледаат филмови...

Луѓето кои плачат додека гледаат филмови имаат нешто што останатите не го култивирале во целост – сочувство. Само посебни личности поседуваат емпатија. Многу луѓе се родени без сочувство и го живеат цел живот без навистина да се обидат да се стават во кожата на другиот. 

Потребно е многу сила кога се грижите за другите луѓе и нивните ситуации. Животот е суров кон некои луѓе, а ако сте во можност да се ставите во туѓа кожа и да ја почувствувате нивната болка, тоа кажува нешто за вас.

Вие сте доволно силни за да ја издржите таа болка, но секако ја чувствувате. Вие сте доволно силни за да бидете силни и за другите и имате можност да го почувствувате она што и тие го чувствуваат. Грижата за другите никогаш не е слабост, дури и ако се работи за лик од филм. Тоа покажува дека имате срце, срце кое може да се скрши за другите. Иако може да биде скршено, до крајот на филмот знаете дека повторно ќе биде составено. Можноста за брзо опоравување зборува нешто друго за луѓето кои плачат за време на филмови. Тие се доволно силни и паметни да ја разделат реалноста од измислениот свет. 

Секако, тоа не е единствената причина за тоа зошто луѓето плачат додека гледаат филмови. Солзите течат, затоа што и вие сте го доживеале она што го доживеал ликот – солзите предизвикани од сеќавања се болни. Понекогаш е катарзично да гледаме филмови во кои луѓето ги доживуваат работите онака како што и ние ги доживуваме, едноставно затоа што тоа ни овозможува да се ослободиме од некои поттиснати чувства и тоа на здрав начин. Потоа, тука се солзите кои течат кога сте под импресија од уметничката генијалност на филмот. Тоа не е нешто што го прават само претенциозни луѓе. Тоа значи дека некое уметничко дело може да ве доведе до точка да чувствувате физички и емоционални симптоми. 

За луѓето кои се навистина чувствителни, гледањето добар филм, слушањето добра емисија или читањето на добра книга, може да биде тест за способноста да задржат мирен израз на лицето. Освен тоа ве приморува да се соочите и прифатите чувства кои повеќето луѓе се трудат да ги избегнат. 

Тоа бара многу сила. Можеби не е типот на сила која повќето луѓе ја замислуваат, но тоа е најважната емоционална сила: сочувството. 

Да ги истражуваме нашите чувства, тоа може да го подигне нашиот дух повеќе од што и да е друго!