За луѓето кои имаат чувство дека сите останати се поуспешни од нив...

Кренете рака ако ви е преку глава од оние статии од типот на: „Како да бидете успешни и богати“. Сите? Да, тоа и го помислив.

Што е најлошо, овие статии имаат влијание. Толку многу луѓе со толку многу соништа кликаат на нив, само за да најдат празни ветувања и неодредени насоки.

Но, овие статии зборуваат за успехот дефиниран во рамките поставени од самите медиуми. Пари, стабилност, популарност, слава, престиж... ме сфаќате што сакам да кажам. Но, што ако сите овие статии ве тераат да ги бркате погрешните соништа?

Оваа листа нуди малку поинаква перспектива за тоа зошто повеќето луѓе нема да бидат „успешни“, но не на начинот на кој повеќето луѓе мислат.

Тие го споредуваат својот успех со туѓиот

Што е толку добро во тоа да бидеш успешен, ако треба постојано да се чувствуваш инфериорно поради туѓите достигнувања? Тоа може само да ти ја уништи самодовербата. Истражувањата покажале дека 60% од луѓето тврдат дека социјалните мрежи имаат негативно влијание врз нивните животи. Па ако сте љубопитни околу тоа како да бидете успешни, социјалните мрежи не треба да бидат првото место на кое треба да отидете.

Личниот развој не е нивен приоритет

Образованието не е нешто коешто треба да се изгуби откако ќе наполните 22 години. Според претприемачот и писател Дејл Бомонт, најуспешните луѓе се луѓе кои постојано, трпеливо и тврдоглаво продолжуваат да учат. Ако еднаш одлучите да престанете да учите, тогаш ќе престанете и да се развивате како личност.

Се сомневаат во себе

Вистинскиот успех доаѓа од вистински ризик, а со тоа понекогаш доаѓаат и ужасни, посрамотувачки неуспеси. Ако сакате да бидете успешни, погледнете ги сите луѓе кои постојано доживуваат неуспеси. Може делува чудно, но тие знаат што прават.

Не се грижат за себеси

Според сите истражувања, недоволниот сон и лошото спиење може да влијаат на вашиот мозок да собира нови информации и да ве поттикнува кон стекнување нездрави навики. Затоа, грижете се за себеси.

Не ги поделуваат големите цели на неколку помали цели

Големите, навидум неостварливи цели делуваат такви затоа што бараат неколку процеси од повеќе чекори. Поделете ги големите цели на неколку помали, одредете си го патот и трпеливо одете по него.

Ако се грижите околу тоа дали ќе бидете успешни или не, нема причина за страв. Има 1000 причини за страв од неуспех, но тоа не значи дека не треба да се обидетете 1001 пат.