За луѓето кои ги сретнавме во погрешно време

Некои луѓе доаѓаат во нашиот живот, го менуваат, но немаат намера да останат засекогаш.

Овој период ги чувствуваме последните зраци од летните сончеви денови. Есента е време кога се чувствуваме меланхолично и потребна ни е топлина. Доаѓаат и дождливите денови, а за многу луѓе се навраќаат и спомените за луѓето кои веќе не се дел од нашиот живот, за оние луѓе кои ги сретнавме во погрешно време.

Не можеме да го смениме минатото, но можеме да  се навратиме на спомените и да си кажеме дека така требало да биде. Некои луѓе дошле во нашиот живот да ни одржат важна лекција, некои биле тука за да нè променат, а други да се променат со нас. Колку и да ни било тешко тогаш или колку и да ни е тешко да го прифатиме тоа сега, едноставно некогаш постои лошо време за љубов. 

Судбината има некаков план за сите нас, а тие луѓе не ни биле судени да останат во нашиот живот засекогаш. Не можеме да направиме многу, но можеме само да веруваме во тајмингот на судбината. 

Можеби ќе ги сакаме до крајот на животот, а можеби штом ја сретнеме личноста на нашиот живот ќе сфатиме зошто било така како што било. Времето ќе ни покаже.