За љубовта која никогаш немаше потенцијал да потрае

Постојат луѓе кои доаѓаат во нашиот живот, но кои не се тука за да останат. Можеби се тука да ни го разубават животот за моментот, можеби да нè растажат, а можеби и да нè научат на нешто.

И, можеби не го гледаме тоа од самиот почеток, но тие не се тука за да останат. 

Постојат милион причини за тоа. Можеби животот ќе нè раздели на еден или на друг начин, можеби ќе ги отсакаме, можеби ќе не отсакаат. Но, никогаш нема да заборавиме како направиле да се чувствуваме, барем во еден момент додека сме биле во нив.

Мнозинството од нас ќе имаат среќа да запознаат ваква личност. Ќе го прочитаат овој текст и ќе знаат за што пишуваме. Ќе се потсетат на конкретниот мирис на таа личност, на некој заеднички момент или моменти или кажани зборови. Кога ќе ја изгубиме таа личност, тешко е да ја прифатиме вистината, не сакаме да биде така, се прашуваме зошто сме го заслужиле тоа, но со тек на време сфаќаме дека така требало да биде. Креатори сме на сопствената судбина, но некогаш не можеме со сета сила да се бориме против неа. 

Постојат одредени љубови кои не се тука за да останат. Можеби доаѓаат за да научиме нешто за себе или да направат простор за нешто подобро. Еден ден ќе дознаеме.