За љубовта и пријателството...

Иако сѐ уште се води полемика за тоа дали овој текст е навистина напишан од Боб Марли, сепак вреди да се прочита овој прекрасен и искрен текст за љубовта и пријателството...

Длабоко верувам дека само еднаш во животот наоѓаш луѓе кои се во состојба да го превртат целиот твој свет.

Ќе им кажеш работи кои никогаш не си ги споделил со никого, тие ќе го испијат се тоа што ќе го кажеш и ќе сакаат уште.

Ќе споделувате надежи за иднината, соништа кои никогаш нема да се остварат, цели кои никогаш не се оствариле и бројните разочарувања со кои ќе ве почести животот. Нема да можеш да издржиш да им кажеш кога нешто добро ќе се случи, затоа што знаеш дека тие со тебе ќе го споделат твоето возбудување.

Не се срамат да плачат со тебе кога си повреден и да се смејат со тебе кога правиш будала од себе. Никогаш не ги навредуваат твоите чувства, ниту пак заради нив се чувствуваш помалку вреден, туку те подигнуваат и ти укажуваат на работите кои те прават посебен, дури и убав.

Кога тие се во близина, никогаш нема притисок, љубомора или натпреварување, има само тивка смиреност. Можеш да бидеш тоа што си и да не се грижиш што мислат за тебе, затоа што те сакаат таков каков што си.

Работите кои им изгледаат безначајно на повеќето луѓе, како порака, песна или прошетка, стануваат непроценливо богатство кое се чува на сигурно, во срцето, до крајот на векот.

Ти ги враќаат сеќавањата на детството, кои се толку јасни што ти се чини дека сте повторно млади. Боите изгледаат посветло и посјајно. Иако не било честа појава, или воопшто не се случувало, смеењето сега станува дел од секојдневниот живот.

Еден или два телефонски повици во текот на тенот ти помагаат да го издржиш работниот ден и секогаш ти ја враќаат насмевката на лицето. Во нивното присуство не чувствуваш потреба постојано да зборуваш, туку си задоволен само со нивната близина. Работите кои претходно не те интересирале, стануваат фасцинантни, затоа што знаеш колку се важни за личноста која тебе ти е посебна.

Размислуваш за таа личност во секоја прилика и во секоја работа. Се потсетуваш на нив поради ситници како чистото, сино небо, нежниот ветар, па дури и тмурниот облак.

Го отвораш своето срце, иако знаеш дека еден ден може да биде скршено и со отворање на срцето доживуваш љубов за која не си ни мислел дека е возможна. Пронаоѓаш сила во спознанието дека имаш вистински пријател и најверојатно сродна душа.

Сфаќаш дека ранливоста е единствен начин на кој можеш на своето срце да му го овозможиш задоволството кое е толку реално што дури и те плаши. Пронаоѓаш сила во спознаието дека имаш вистински пријател и сродна душа која ќе ти остане верна до крај.

Животот ти изгледа потполно поинаков, повозбудлив и вреден за живеење. Твојата единствена надеж и сигурност лежат во спознанието дека тие се дел од твојот живот.