СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Т.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
- На 23.05.2024, на објава на веб портал, пријавениот од профил на социјална мрежа споделил содржина со која поттикнувал омраза и нетрпеливост, информираа од полицијата.