За колку ли ме продаде?

Убава, паметна згодна...некогаш беше. Изгледаш бедно, бледо и потрошено до тој старец. Се продаде за патувања, скапа облека, вечери, телефони...среќна ли си сега?

Бев млад, залетан, вљубен и изгубен сите ми викаа не сте еден за друг, оваа работа нема да трае долго. Но, бев против сите. Можевме да создаваме заедно да градиме, патиме, радуваме, но ти избра лажен сјај.

Му се смееш, те возбудува ли сексуално, или интелектуално? Залудно се трудиш да покажеш некоја вредност, не си од големото друштво, колку и упорно да се убедуваш во тоа.

Љубовта не може да се купи, ништо не ти вреди ни парите ни скапите подароци што ќе ти ги подарува кога не го сакаш.

Грев е она што го купуваш со пари да го наречеш љубов. Вистинска љубов ДА постои и таа не се купува со пари, нема никаква матријална поврзаност со никакви скапоцености или хартии од вредност!