За кои сметки ќе се отпишуваат казнените камати

За денеска во Собранието е закажана седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која треба да има јавна расправа за предложениот Закон за отпишување камати за наплата на долгови кои произлегуваат од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделски површини.

Предлог законот веќе го помина првиот собраниски филтер односно помина прво читање, а утре освен пратеници на седницата се поканети и претставници на граѓанските здруженија.

Предложениот закон предвидува отпишување на каматата што се пресметува од поднесување на тужбата за присилна наплата на паричниот долг, до конечна исплата на паричното побарување. Станува збор за проблем со кој граѓаните се соочуваат од 2011 година, кога извршните предмети од судовите се пренесени кај нотарите, а потоа тие завршуваат кај извршителите. Во тој процес најголеми жртви се граѓаните кои се соочија со огромни затезни и казнени камати за предмети за кои не биле ни свесни дека постојат, ниту пак дека има предлози за присилна наплата.

Дел од приватните компании со кои минатата недела разговараше Фактор, а кои на месечно ниво им фактурираат сметки на граѓаните, рекоа дека се подготвени да се вклучат во бришењето на долговите.Таков став имаа и од ЕВН Македонија, од Македонски телеком, но и од телефонскиот оператор Оне Вип.

Доверителот е должен во рок од 15 дена по приемот на доставениот доказ за извршена уплата на главниот долг, да го извести должникот по писмен пат со препорачана пратка на адресата која е регистрирана кај доверителот, за усвојување (целосно или делумно) или за одбивање на отписот на каматата. Доколку доверителот изврши отпис на каматата, должен е веднаш, но не подоцна од осум дена по донесената одлука, за истото да го извести нотарот или извршителот кај кого било трансферирано решението за извршување издадено од судот, дека е исплатен главниот долг и извршен е отпис на каматата, заради што бара запирање на постапката пред нотарот или извршителот.

cheap nike air max 90