Од учениците што ќе следат настава онлајн ќе се бара за испрашување да се појават во училиште, затоа што претходното искуство покажало дека нема метод за оценување на децата онлајн.
-Училиштата ќе добијат посебни упатства за оценување на учениците што наставата ќе ја следат онлајн, односно преку интернет, најави на денешната прес конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска.
Иако наставата ќе се одвива преку интернет, оценувањето на учениците ќе биде со нивно физичко присуство во училиштата.
-Се подготвува посебно упатство за оценување. Тоа ни е исклучително важно затоа што онлајн-наставата треба да го даде максимумот што може. Но минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа, рече Царовска.