За Илинден во Скопје 31 сообраќајка со 28 повредени

Пет лица се потешко повредени, а 23 полесно во вкупно 31 сообраќајна несреќа што се случила на подрачјето на СВР Скопје во текот на изминатите два дена. Три од сообраќајките биле со последица тешки телесни повреди, 13 со лесни телесни повреди, а 15 поминале само со материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 43 возачи што управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 39 возачи од кои 11 управувале моторно возило под дејство на алкохол, а 28 пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќај биле исклучени и 23 нерегистрирани возила и едно поради техничка неисправност. Санкциониран бил еден возач поради неправилно престигнување, седум возачи поради неносење заштитен шлем, како и 19 пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин.

Во текот на изминатиот ден издадени се 64  мандатни платни налози, додека 53  возила се подигнати со специјално возило „пајак”.