За херојскиот подвиг на македонските одбојкари вчера слушна и Европа!

Одбојкарската репрезентација на Македонија вчеравечер победувајќи ја Унгарија испиша една убава страница во историјата на македонскиот спорт.

Ваквиот успех не помина незабележано и од Европската федерација (ЦЕВ). Тие нашиот успех го означија како едно од најпријатните изненадување, заедно со пласманот на Црна Гора која исто како и нас за прв ќе игра на едно Европско првенство.