За една ноќ ,,пајакот” собрал 73 возила

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и седум лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека тројца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, а две возила биле технички неисправни.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престигнување, еден поради недавање првенство на минување на пешаци, пет поради неправилно престројување и 11 поради непоседување пропишана зимска опрема. Исто така, санкциониран е и еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози и 73 возила се подигнати со специјално возило ,,пајак”.