За една недела во општина Центар санкционирани 143 несовесни возачи

На територијата на општина центар за период од една недела санкционирани се 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар, кои ваквата акција ја спроведуваат во соработка со скопската сообраќајна полиција и општина Центар.

Во периодот од 15 до 21 јуни, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 75 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од ПОЦ информираат дека во соработка со СВР Скопје и во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.