За една недела во центар со „пајак“ кренати 81 возило, „блокатор“ поставен на 72

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 153 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 22 до 28 јуни, со помош на специјалните возила ‘пајак‘ на ЈП ПОЦ отстранети се 81 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство ‘блокатор‘ санкционирани се 72 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопштија од ЈП ПОЦ.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.